Пелистер - Еурофарм Работник 30-27 (15-16)
Во натпревар од 9. коло на Суперлигата во спортската сала „Младост“, Еурофарм Работник загуби од Пелистер со 30-27 (15-16) во дуел кој го следеа 2.000 гледачи и во кој драма царуваше во текот на сите 60 минути.
По подобриот почеток на Пелистер, ракометарите на Еурофарм Работник благодарение на добрата одбрана со низа голови за првпат го превземаа водството и дојдоа до предност од два погодока. Пелистерци отворија подобро на стартот и поведоа со 3-1. Беше и 4-2, па 5-3, пред избраниците на Андон Бошковски со серија од 4 голови, да израмнат а потоа и да поведат со 5-7. „Зелените“ ги консолидираа своите редови и преку Вујачиќ, Димитровски и Чантурија од против удар го вратија водството (13-12). Сепак, финишот на првиот дел им припадна на „сино-белите“ и Мајнов и Крстевски го свртија резултатот за 15-16 на полувреме. Впечатливо беше тоа што голманите на Пелистер не одбранија ниту една топка.
Во средината од вториот дел, Богдан Николиќ заработи тешка повреда и веројатно за него сезоната е завшрена. Но и покрај тоа Пелистер успеа да го изедначи резултатот (23-23), а неизвесната игра беше вовед за возбудлива завршница. При резултат 24-24, Мајнов беше прецизен од пенал, а одличниот Чаневски на двапати беше поуспешен од противничките ракометари, затоа Работник бргу се врати на највисоките, 24-27. Со головите на Павловиќ и Везенкоски од седмерец победата беше потврдена (30-27) и пелистерци ја прекинаа серијата од два порази во градското дерби. Црногорецот Вујачиќ со 9 и Чантурија со 6 гола беа најефикасни кај пелистерци, а Мајнов постигна 6, додека Адли, Крстевски и Чурлевски запишаа по 5 гола кај Еурофарм Работник.