Еурофарм Работник - Борец 29-23 (15-9)
Битолски Еурофарм Работник продолжува со победи во домашната Суперлигата и попладнево во спортската сала „Младост“ славеше против Борец од Велес со 29-23 (15-9) во рамките на 8. коло од шампионатот. Со оваа победа екипата на Доне Бошковски има реални шанси за третото место за кое се бори заедно со Охрид.
„Фармацевтите“ по изедначениот почеток направија серија од 3-0 и поведоа со 10-6. Од минута во минута таа залиха се зголемуваше, за да достигне +6 на крајот од првиот дел. Продолжението беше само формалност, па победата никогаш не беше доведена во прашање, напротив, можеше да биде уште поубедлива.
Најефикасни во победата на Еурофарм беше Чурлевски со 7 и Барош кој постигна 4 гола, а кај Борец најмногу се истакна Димитриевски со осум гола.
Еурофарм е на четвртото место во Суперлигата со 12 бода, а во наредното коло в сабота се соочува со градскиот ривал Пелистер.