РК Еурофарм Работник ја исполни своjата хумана мисија. Имено, по продажбата на билетите од полуфиналето и финалето на Купот на Македонија во ракомет, минатиот викенд во Битола, целиот приход од 182.000 денари е наменет за лекување на малито Гоце Марковски.
Средствата се веќе уплатени кај Гоце и се надеваме ќе му помогнат за неговото понатамошно лекување.
Спортот уште еднаш ја покажа својата хумана страна, а битолчани го потврдија големото срце.