Еурофарм Работник - Вардар 26-31 (13-16)
Вардар го победи Еурофарм Работник со 31-26 (16-13) во денешното финале и четврти пат по ред го освои Купот на Македонија, вкупно 12 во својата историја. Откако по многу борба во полуфиналето го победи Металург, Вардар денеска ја финишираше работата со полесен триумф над Еурофарм Работник.
Битолскиот клуб добро го почна мечот, до половина од првиот дел се држеше, беше нерешно 7-7, а потоа Вардар се одлепи на 10:7 и понатаму лесно го контролираше натпреварот.
Најефикасен беше Чупиќ со осум голови, Душебаев постигна пет, по четири реализираа Деревен и Карачиќ.
Лука Циндриќ беше прогласен за МВП на Купот на Македонија. Најдобар голман Градимир Чаневски, а најдобар стрелец Филип Чурлевски.
ФОТО:Филип Вираноски / Гол.мк