Организаторот на завршницата на Купот на Македонија, ЕК Еурофарм Работник подготви наградна игра на полувремето од сите три натпревари кои овој викенд ќе се одржат во спортската сала „Младост“ во Битола.
На полувремето од секој натпревар ќе биде организирана наградна игра, а наградите за најсреќните се следните
1. Дрес од македонската ракометна репрезентација
2. Дрес од Еурофарм Работник
3. Пакет производи на Еурофарм
Организаторот го повикува љубителите на ракометот на полуфиналните мечеви во сабота од 17.30 и 20.30 часот и финалето в недела од 16.30 часот.