Вардар - Еурофарм Работник 37-19 (19-9)
Ракометарите на Еурофарм Работник претрпеa пораз на гостувањето кај лидерот и шампион Вардар со 37-19 (19-9). Вардарци настапија без Ангелов, Карачиќ, Дибиров, Абутовиќ, Рожерио и Шишкарев, но и без нив немаа проблеми да запишат нов триумф.
Еурофарм Работник прв поведе со 1-2, но домашната екипа со серија од 3-0 поведе со 4-2. „Црвено-црните“ брзо се одлепија до 13-7 и на одмор заминаа со високи +10 (19-9).
Второто полувреме беше само формалност и домашната екипа стигна до убедлива победа од 18 разлика. Најдобар поединец во домашниот тим беше Иван Чупиќ со 8 голови, а Деревен и Недановски постигна по 6, додека кај гостите се истакна Филип Чурлевски со 5 голови.
Еурофарм Работник сега ќе се концентрира на натпреварите од Купот на Македонија, каде исто така може да се соочи со Вардар, доколку двете екипи ги добијат двете полуфинални средби. Екипата на Андон Бошковски се наоѓа на чекор до излез во Европа и веројатно дилема ќе биде само во кое натпреварување ќе настапи во ЕХФ Купот или во Челинџ Купот.