Еурофарм Работник на вистински начин ѝ се реваншираше на екипата на Охрид за поразот во „Билјанини извори“ по вчерашната победа од 28-22. Тренерот на битолчани, Андон Бошковски смета дека неговиот тим сега завршил голем дел од работата за излез во Европа.
„Охрид можеби е најдобрата екипа во Суперлигата, се разбира не сметајќи на Металург и Вардар. Мислам дека заслужено победивме, момците добро се бореа и со овие бода мислам дека со една нога сме во најдобрите четири. Дојдов тука во јануари и минавме низ тежок период на прилагодување, но мора да напоменам дека во вистински момент се врати Пецаковски, кој многу ни помогна во овие дуели, особено во одбраната. Победата против Пелистер ја подигна нашата самодоверба и верувам дека вака одлично ќе продолжиме и во иднина“, истакна Бошковски.
Еурофарм Работник има уште четири натпревари до крајот на Суперлигата и му недостига само една победа за потврда најмалку на четвртото место.