Ракометарите на Еурофарм Работник загубија на гостувањето во Скопје кај лидерот Металург со 33-27(14-11) во меч во кој демонстрираа силен отпор против тимот на Лино Червар.
Победат на скопјани не беше лесна, бидејќи гостинскиот тим дојде без подигнато бело знаме и жестоко им се спротивстави на скопјани. Цело полувреме се водеше огорчена борба, а подолго во водство беа токму гостинските ракометари. Сепак. крајот од првите 30 минути Металург го дочека со предност од три гола (14-11).
Во вториот дел сликата се промени, Металург заигра поамбициозно и тоа набрзо даде резултат. Предноста брзо се искачи на безбедни +6 и таа дистанца се задржа до самиот крај. Во 58 минута предноста достигна највисоки +8, а конечниот резултат од оваа интересна средба е 33-27.
Во победничкиот табор најефикасен беше Немања Обрадовиќ со десет постигнати гола, додека кај Еурофарм најрасположен за игра беше Филип Чурлевски со 7 гола. Еурофарм Работник следниот натпревар го игра в петок во Битола против екипата на охриѓани .