Најмладиот учесник во Куп натреварувањето битолски Еурофарм Работник вторпат во четири дена го совлада Пелистер и ќе игра во полуфиналето на Купот на Македонија. Попладнево во спортската сала „Младост“, Еурофарм Работник го совлада Пелистер со 27-24 (13-11) и го оствари најголемиот успех во историјата на клубот.
Првото полувреме беше релативно изедначено и двете екипи често стигнуваат до израмнување на резултатот. По првиот дел Еурофарм Работник имаше предност од два гола и психолошки растеретено влезе во продожението.
Момците на Андон Бошковски во првите десет минути од вториот дел по добрата игра во одбрана ја зголемија предноста на +4 и ги натераа „зелените“ уште повеќе да грешат. Така Адли погоди за +5 на влезот во последните десет минути. Реакцијата на пелистерци беа головите на браќата Маџовски, но беше предоцна и Еурофарм Работник без драма како во средата извојува победа со 27-23.
Најефикасен поединци во победничката екипа беше Адли и Мајнов со по 6 гола, а кај Пелистер се истакна Вујачиќ со 10 гола. По Металург екипата на Еурофарм Работник е вториот полуфиналист на Купот на Македонија, а попладнево во Охрид ќе биде познат и третиот патник на завршниот турнир по одигрувањето на натпреварот Охрид – Струга во спортската сала „Биљанини извори“. Четвртиот турнир во четвртфиналето ќе биде одигран за десетина дена, а таму јасен фаворит е бранителот на Куп титулата скопски Вардар.