Битолски Работник Еурофарм го совлада Младост од Богданци во полуфиналниот натпревар од четвртфиналната група од Купот на Македонија која се игра во спортската сала „Младост“ во Битола. „Фармацевтите“ извојуваа победа со 30-21 (14-10).
Игор Илиевски со 6 и Дарио Петровски со 5 гола беа најефикасни кај победничкиот тим, а поранешниот ракометар на Еурофарм Работник. Мите Караиванов со 11 гола се истакна за Младост. Андон Бошковски ги одмараше Адли, Чаневски, Серхио Барош за утрешното финале.
Противник на Еурофарм Работник во мечот за пласман во полуфиналето утре од 17.00 часот ќе биде екипата на Пелистер.
ФОТО:Архива - 24ракомет.мк