Ракометниот клуб Еурофарм Работник ова лето ќе учествува на Меѓународниот ракометен турнир во Струга, кој од 12 до 15 август по 45. пат ќе се одржи на игралиштето „Женска плажа“.
Битолскиот суперлигаш втора година по ред ќе настапи на турнирот во Струга, откако минатата сезона доби покана и одигра три натпревари по кои го освои петтото место. По вчерашната потврда дека Охрид првпат ќе игра на турнирот во новиот милениум, денес својот настап во Струга го потврди уште еден суперлигаш.
Останатите учесници ќе бидат познати во текот на наредниот период, а титулата од минатото издание во август 2016 година го брани францускиот второлигаш Шатр.