Ракомeтарите на Еурофарм Работник пред своите гледачи се поразени од шампионот Вардар со 19-24, а тренерот Андон Бошковски смета дека овој меч беше добра подготовка за градското дерби со Пелистер идната недела.
„Задоволен сум од првото полувреме, но во овој натпревар Вардар го диктираше темпото и ние игравме, колку што тие ни дозволија. Верувам дека ја задоволивме битолската публика, но бев скратен во ротацијата, поради отсуствата на младите репрезентативци Дарио Петровски и Томислав Јагуриновски. Приоритет ни е четвртото место во плеј-офот и Челинџ купот. Откако дојдов во Битола во овие три месеци, екипата е на повисоко ниво, играчки сме послаби со заминувањето на некои ракометари, но надополнивме со Горан Крстевски. Поквалитетни сме од Борец, а Охрид и Пелистер се на повисоко ниво, но нашиот клуб ќе расте од година во година“, изјави Андон Бошковски.
Ракометарите имаат слободен викенд и во среда нов тест против Пелистер во рамките на 4. коло на плеј-офот.
ФОТО: Филип Вирановски - www.gol.mk