Натпреварот од третото коло на плеј-офот во Суперлигата помеѓу двата битолски суперлигаши, Еурофарм Работник и Пелистер наместо в сабота ќе се одигра следната среда. Причина е настапот на кадетската репрезентација на Македонија на турнирот во Бугојно.
Петровски и Јагуриновски, членови на Еурофарм Работник се на списокот на репрезентативци и нема да му бидат на располагање на тренерот Андон Бошковски за третото градско дерби во сезоната. Мечот ќе се игра следната среда на 19 април во спортската сала „Младост“, а на хартија домаќин ќе бидат „фармацевтите“.
По денешниот исход во ждрепката од четвртфиналните групи на Купот на Македонија, двета клуба веројатно ќе се сретнат и следниот викенд на 22/23 април во Битола на турнирот, чиј организатор е Пелистер.
ФОТО: Филио Вирановски - www.gol.mk