Во натпревар од 3. коло на ВИП Суперлига, ракометарите на Еурофарм Работник на гостински терен, по подобра игра во вториот дел, го совладаа тимот на Борец со 26-32 (13-10) и ја запишаа првата победа во плеј-оф завршницата.
Во првиот дел домашните ракометари во полната сала „Гемиџии“ во Велес константно беа во водство и благодарение на тоа водство на пауза заминаа со предност од 13-10. Во вториот дел и по советите од тренерот Андон Бошковски, битолчани со добра игра во одбрана направија целосен пресврт и преку Серхио Барош и Лазар Мајнов го презедоа водството. До крајот „фармацевтирте“ само ја зголемуваа предност и заслужено славеа победа од 26-32 со добра колективна игра и мноигу цврста одбрана.
Кај гостите од Битола пак се истакнаа Адли, Крстевски и Мајнов и пред битните дерби средби со Вардар и Пелистер следната недела, ја донесоа првата радост во плеј-офот. Некогашниот репрезентативец Лазар Мајнов со 8 гола беше најефикасен поединец во натпреварот, а по 5 гола постигнаа Ашраф Адли и Горна Крстевски. Кај Борец се истакна Ивица Илиев кој постигна 19 гола.
Следен натпревар за тимот на Еурофарм Работник е дуелот против тимот на Вардар, во спортската сала „Младост“ на 11 април, а Борец на 16 април го пречекува лидерот Металург кој има максимален ефект по првите три кола.