Македонскиот суперлигаш Еурофарм Работник го официјализираше договорот со младиот колумбиски ракометар Сантијаго Москера и тој е со важност до 1 јуни 2021 година.
Првиот ракометар од оваа колумбиска земја кој дојде да игра во Европа, го стави потписот на договорот со „фармацевтите“ и наместо до крајот на сезоната ќе остане четири години во најмладиот суперлигаш.
Москера е корпулентен млад ракометар кој се прилагодува на новата средина и претставува иднина на битолскиот клуб. Тренерот Бошковски му даде неколку минути на претходните мечеви од Суперлигата.