Андреј Хапал и Еурофарм Работник привремено ја прекинаа соработката на само еден ден до почетокот на плеј-офот во македонската Суперлига. Ракометарот има постоечки договор и ќе се врати во Белорусија да ја лекува повредата, па штом се врати во Македонија ќе се утврди можноста да настапува за бтолскиот клуб.
Хапал, кој има 24 години претходно настапуваше за Викторија Минск и Кронон Гродно, а веројатно сега повторно ќе се врати во татковината. Претходно за разлика од есенскиот ростер битолскиот суперлигаш, кој првиот дел од сезоната го заврши на третото место, го напуштија Караиванов и Чутура.
Утре од 19.30 часот во „Биљанини извори“ во Охрид против најуспешната екипа од првиот дел од шампионатот, Еурофарм Работник ќе го започне плеј-офот.