Во првиот натпревар од 18. коло на Суперлига, Еурофарм Работник го победи Работнички со 31-26 (17-11). Со оваа победа екипата на Андон Бошковски ќе го заврши првиот дел од сезоната на третото место.
Украинецот Каплан беше супер расположен, па по 10 минути погоди по третпат за 8-3. Кон средината на првиот дел битолскиот тим ја имаше највисоката предност од +6 (13-7), која на полувреме беше намалена за еден гол (17-11).
Со половични сили во вториот дел битолчани го администрираа водството против Работнички за победа од 31-26.