Ракометарите на Еурофарм Работник славе на гостувањето во Скопје кај Вардар Јуниор со 23-31 (9-15) во последниот натпревар од 17. коло во македонската ракометна Суперлига, екипата
Гостите од Битола по вторпат сезонава го совладаа младинскиот тим на „црвено-црните“ и со победата го зацврстија третото место на табелата зад Пелистер и Охрид. Прашањето околу победникот беше решено уште по првите 30 минути, во кои битолчани доминираа и заминаа на пауза со предност од 9-15.
Второто полувреме не донесе ништо ново, а Еурофарм Работник ја зголеми предноста и победи со 31-23, запишувајќи ја 12. сезонска победа. Втората екипа на вардарци остана на претпоследното место на табелата со само четири триумфи.
Серхио Барос со 9 и Лазе Мајнов со 6 гола беа предводници кај победничката екипа, а кај домаќините се истакна репрезентативецот Мартин Поповски со 7 погодоци.
ФОТО: www.gol.mk