Еурофарм Работник ја забележа втората пролетна победа во Суперлигата. Попладнево во салата на Гимназијата „Јосип Броз Тито“ тимот на Андон Бошковски го побди на Радовиш со 36-25 (15-10). Домаќините во текот на целиот натпревар водеа и со рутина го приведоа натпреварот кон крај.
Почетокот на дуелот и одличната игра во одбрана создаде 2-3 гола предност во првите 10-15 минути. Посебно добро функционираше десната страна од нападот на битолчани, коЈа донесе високи +6 во 24. минута. Во вториот дел се разигра Златко Мојсоки и до врв ја наполни мрежата на радовишани за финална победа од 11 разлика.
Златко Мојсоски со 10 и Лазе Мајнов со 6 гола беа најефикасни во таборот од Битола, а Соколов со 7 и Чизмовиќ со 6 гола се истакнаа кај радовишани.