Ракометарите на Еурофарм Работник со победа ја започнаа пролетната полусезона, откако попладнево во Скопје го совлада Металург 2 со 24-33 (13-14). Андон Бошковски дебитираше на клупата на Еурофарм Работник, а неговите ракометари во вториот дел го скршија отпорот на жилавата екипа на Александар Петровски.
Домашните започнаа со 2-0, па беше и 3-1, а по серијата на израмнувања со двата гола на Марио Танковски, поведе со 11-9. Следеше одговорот на Ашраф Адли и Серхио Барос за 13-14 на полувреме.
Чурлевски и Барос во централниот дел од второто полувреме предноста ја зголемија на 18-26. До крајот се играше само формално, за конечни 24-33.
Серџо Барош постигна 14 гола, а голманот Чаневски собра 12 интервенции кај Еурофарм Работник. Марио Танкоски со 8 и Димитриоски со 7 голови се истакнаа кај домашната млада екипа на Металург 2.
ФОТО: 24.rakomet.mk