Пионерската екипа на Еурофарм Работник забележа важна победа на гостувањето во Струга со 12-15 (7-8). Целиот тим одигра одличен меч, а се истакна голманот Костадиновски со 14 интервенции.
Меѓу стрелците најефикасни беа Мандиќ со 4 и Ставревски со 3 гола. По два гола крај своето име запишаа Кенковски и Митревски, а по еден гол постигнаа Пејчиновски, Горевски, Елмазовски и Трсунов.
Оваа победа е многу важна за моралот на младите „фармацевти“ кои покажуваат знаци на организирана работа.