Младинската екипа на Еурофарм Работник, напоредно со сениорскиот тим се подготвува за пролетниот дел од шампионатот на Македонија и одигра три тест натпревари и забележа три победи. Совладани се Прилеп и двапати Преспа и момците се подготвени за мартовскиот старт на вториот дел од шампионатот. Првиот официјален натпревар во 2017 година младинската екипа ќе го одигра против Прилеп во гости на 4 март.
Во меѓувреме на 26 февруари продолжува ракометниот шампионат во пионерска конкуренција во кој Еурофарм Работник исто така има своја екипа. Првиот меч пионерите го играат на гости кај Струга.
Сениорската екипа влегува во последната фаза од зимските подготовки пред првиот натпревар по долгата пауза заради Светското првенство. „Фармацевтите“ кои презимија на второто место на табелата му гостуваат на Металург 2 на почетокот од месец март.