Ракометарите на Еуфорарм Работник ги започнаа подготовките за вториот дел од Суперлигата. Под водство на новиот тренер Андон Бошковски и неговиот помошник Божидар Мојсов, второпласираната екипа по завршувањето на есенскиот дел од шампионатот веќе е во тренажен процес.
Ракометарите тренираат во салата на Гимназијата „Јосип Броз Тито“ и клубот искрено им се заблагодарува на луѓето од Гимназијата на разбирањето во периодот кога се реновира спортската сала „Младост“.
Бошковски на располагање ги има сите ракометари со исклучок на Португалецот Серхио Барос, кој ќе се приклучи в петок, а и натаму во период на рекуперација се повредените Пецаковски и Хапал.
Клубот деновиве ќе го дефинира планот на подготовки и контролните натпревари кои ќе ги одигра во периодот до почетокот на пролетниот дел од Суперлигата и плеј-офот во кој Еурофарм Работник има сигурно место.