Потребни ни беа само неколку натпревари да го забележиме неговиот квалитет и да констатираме дека Никола Граховац и Еурофарм Пелистер се создадени едно за друго. Затоа со задоволство ја запознаваме јавноста со новиот договор за сезоната 2026/27, со опција и за сезоната 2027/28.
Граховац пред да дојде во Македонија настапуваше во Хрватска, Унгарија и Германија. Кружниот напаѓач и во иднина ќе ги радува нашите навивачи, а со македонските репрезентативци - Жарко Пешевски и Самоил Ристевски ќе формираат огромен капитал на една од клучните позиции во ракометната игра.






