Ракометарите на Еурофарм Пелистер 2 остварија рутинска победа над Радовиш од 31-26 во натпреварот од 10. коло во Суперлигата. Младите битолчани знаеја што сакаат на овој меч и уште во првиот дел се стекнаа со предност од пет разлика (19-14) која беше пресудна кога ќе се погледне конечниот резултат.
Ова за „зелено-белите“ беше четврто славје во кое се истакна Мохамед Азис со десет погодоци, голманот Јовановски забележа тринаесет интервенции. Постолов со осум гола пак беше прво име кај поразените.
Ракомет
Суперлига 2025/26
10. коло
Еурофарм Пелистер 2 - Радовиш 31-26 (19-14)
Спортска сала „Боро Чурлевски“ - Битола
Судии: Славе Николов и Ѓорѓи Начевски
Црвен картон: Петар Маркоски (Еурофарм Пелистер 2)
Еурофарм Пелистер 2:
Јовановски, Младенов, М. Фехми, Маркоски 2, Лозановски, Гичев, Велевски, Митревски 7, Шулевски 3, А. Фехми, Дамчевски, Димитровски 2, Белистојановски 2, Дрогришки, Мохамед Азис Бен Мафуд 10, Баптист 5
Седмерци: 5/4
Исклучувања: 12 минути
Радовиш:
Паунов, Ацев, Димов 5, Петров 1, Трајанов, Постолов 8, Трајчевски 1, Јанковски 3, Табаков 1, Трајанов 2, Ѓорѓиев, Каковски 5, Ончев, Костадинов
Седмерци: 6/4
Исклучувања: 10 минути
Во следното 11. коло, в сабота попладне, Еурофарм Пелистер 2 гостува кај Струга.






