Охрид - Еурофарм Пелистер 31-26 (12-10)
Еурофарм Пелистер не успеа да го освои својот втор турнир во Охрид, откако во финалето загуби од домашнаѕта екипа со 31-26 (12-10). Пелистерци добро го отворија натпреварот, но по почетното водство од 0-2, влезгоа во серија на грешки што охриѓани максимално ја искористија. Со голови на Ѓукиќ, Кукуловски и Јотиќ, домаќинот дојде до предност која ја одржуваше до крајот.
Иако Еурофарм Пелистер се закани во неколку наврати, охриѓани останаа смирени и со клучни погодоци во финишот го затворија мечот. Дарко Ѓукиќ беше најефикасен со шест гола за Охрид, додека Дејан Манасков постигна седум погодоци за Пелистер.
Организаторите ги соопштија и најдобрите играчи на Меморијалот, а воедно беше прогласен и идеалниот тим. Во ол-стар екипата се најдоа голманот Бојан Блажевски од Охрид, левото крило на Тримо Требње, Марко Мајсторовиќ, бекот на Еурофарм Пелистер, Павле Атанасијевиќ, неговиот соиграч Анджеј Видомски на позицијата денес бек, а најдобар кружен напаѓач е Илија Богдановиќ од екипата на Динамо Панчево.