Денес со официјална прес-конференција во Охрид беше најавен традиционалниот Меморијален турнир „Крсте Андоновски“. Во името на шампионот на Македонија, Еурофарм Пелистер, натпреварувањето го најави, потпретседателот Бојан Стерјев.
Тој им посака среќа и добро здравје на сите учесници и најави најсилен можен Еурофарм Пелистер.
„Голема благодарност до ГРК Охрид за поканата на турнирот. Наша цел е да се подготвиме за сезоната и за првиот официјален натпревар, Суперкупот на Македонија против Вардар 1961. Цел ни е сите ракометари да покажат што знаат. Доаѓаме со комплетен ростер, само без посериозно повредените Цветан Кузманоски и Самоил Ристевски. На сите екипи би им посакал многу среќа и да останеме здрави по овој турнир и како такви да ги дочекаме официјалните натпревари“.