Во многу драматичен натпревар Еурофарм Работник го совлада Охрид со 18-17 и дојде до првите бодови во Суперлигата. Тренерот на победничката екипа по мечот ги сподели емоциите на битолските 60 минути.
„Игравме многу лошо, збркано, во грч, но сепак во вакви мечеви најважно е што покажавме карактер и што се се вративме за да победиме. Имаме многу уште да работиме, но верувам дека од натпревар во натпревар сега ќе играме само подобро. Имаме да учиме, бидејќи во Суперлигата нема лесни бодови, а ние како нов суперлигаш имаше многу потешкотии“, рече Иван Марковски.
Сезоната започна со половичен учинок за Еурофарм Работник, кој загуби од Пелистер и го совлада Охрид во првите две кола.