b_640_480_16777215_00_images_vesti_2025_06_калес_валид.jpg

Задоволство ни претставува да го официјализираме нашиот нов кружен напаѓач за следната сезона. Египетскиот репрезентативец Ибрахим Калес Валид е нов член на Еурофарм Пелистер. 26-годишниот пивотмен се наметна во дресот на репрезентацијата на Египет, а во Македонија доаѓа од првакот на Турција, Бешикташ.

Корпулетниот Калес Валид е висок 195 сантиметри и сезонава беше еден од најдобрите ракометари на турскиот тим во ЕХФ Европскиот Куп. Со најдобрата африканска репрезентација има постојан раст, откако влезе во кругот на националниот тим пред неколку години.

Официјалното претставување на Калес Валид се очекува на почетокот од подготовките за сезоната 2025/26 следниот месец во Битола.

sponzori 2023 2024 noemvri

За нас

На ден 29.11.2019 во општина Битола беше потпишан договорот ,,ПЛАТФОРМА ЗА РАКОМЕТНА БИТОЛА’’, со што и официјално Битола го доби клубот РК Еурофарм Пелистер.

Договорот го потпишаа претставници на двата клуба и градоначалничката на Битола, Наташа Петровска во просториите на Општина Битола.

Еурофарм Пелистер ќе биде водечкиот клуб со високи европски амбиции, а Еурофарм Пелистер 2 клуб исполнет со млади ракометари и таленти од Битола и цела Македонија.

Прочитај повеќе

Контакт

Адреса: Ул.Добривое Радосављевиќ бр.3
Битола 7000, Република Македонија

E-mail: info@rkeurofarmpelister.mk

icons8 facebook old 48 icons8 instagram 48 iconfinder youtube 834723