Еурофарм Пелистер 2, воден од тренерот Александар Зарков, ја оствари целта и обезбеди враќање во Суперлигата, како најдобра во рамки на прволигашкото друштво.
Пелистерци предводени од тренерот Александар Зарков си ја завршија задачата со домашната победа над Драчево, кого го совладаа убедливо со резултат 46-25 (23-10).
Најдобар кај Еурофарм Пелистер 2 беше Петар Белистојаноски со осум гола, а го следеа Маркоски и Митревски со по седум постигнати гола. Кај Драчево, Дабевски, Крстески и Цветановски имаа по четири гола.
Еурофарм Пелистер 2 по петнаесет одиграни меча е на врвот со 28 бодови, по што следи Мулти Есенс со 25 поени на втората позиција на три кола пред крајот.