Ракометарите на Еурофарм Пелистер издвојуваа победа над ГРК Охрид од 34-30 во натпреварот од седмото коло од плеј-офот во Суперлигата.
„Зелено-белите“ го одбранија домашниот терен во салата „Боро Чурлевски“ и ја продолжуваат борбата со Вардар за титулата во домашниот шампионат.
Ракометарите на Охрид одлично го почнаа мечот, на двапати имаа предност и од два гола разлика, беше 6-4 и 7-5, но како одминуваше времето Пелистер играше се подобро и на одморот замина до предност од 17-14. Охрид не се предаде, во вториот дел неколкупати дојдоа до само еден гол негатива, но не успеаа да го свртат резултатот. Финишот му припадна на Пелистер кој на крајот славеше победа од 34-30.
Популарните „гладијатори“ беа достоинствен ривал, се бореа низ сите 60 минути, меѓутоа Пелистер е поквалитетен тим и дојде до посакуваниот триумф, победа број шест во оваа фаза. Кузмановски со девет гола беше лидер кај актуелниот шампион, Јукиќ со седум ја предводеше листата на стрелци кај поразените.
Ракомет
Суперлига 2024/25
Плеј-оф - седмо коло:
Еурофарм Пелистер - Охрид 34-30 (17-14)
Спортска сала „Боро Чурлевски“ - Битола
Гледачи: 2.000
Судии: Ѓорѓи Начевски и Славе Николов
Еурофарм Пелистер:
Митревски, Ивиќ, Манасков 2, Цехте 2, Ристевски 1, Тајник 3, Борзаш, Кузмановски 9, Костески 3, Абутовиќ, Ѓорговски, Пешевски 3, Хосни 3, Хаџиќ 2, Пав. Атанасијевиќ 2, Мамдух 4
Седмерци: 2/2
Исклучувања: 4 минути
Охрид:
Чаневски, Ѓорговски, Ристевски, Ојлески 3, Андоноски, Мацуока 5, Јукиќ 7, Костов, Тасевски 1, Кукоски, Крстевски, Пешиќ 5, Кукуловски 5, Бојаниќ, Виницуус Мораиш, Цирар 3
Седмерци: 3/2
Исклучувања: 4 минути
Со оваа победа Еурофарм Пелистер се израмни на врвот на табелата од плеј-офот со Вардар 1961. Следниот викенд, во рамките на деветтото коло, Еурофарм Пелистер во Битола ќе го пречека Бутел Скопје.