Ракометарите на шампионот Еурофарм Пелистер, дојде до нова победа во Супер-лигата откако на домашен терен го совлада Бутел со 34-25. Ова беше деветнаесетти триумф за првакот, а регуларниот дел ќе го заврши со гостување во Прилеп. Бутел даваше голем отпор на почетокот, играше егал со фаворитот скоро цело прво полувреме, но потоа загуби здив заради пократкиот ростер и квалитет на екипата. Еурофарм Пелистер првиот удар го зададе кога влезе во игра капитенот Кузмановски и домаќинот направи серија од три гола и од 9-9 замина на 12-9. Потоа пред паузата следеа уште три гола во низа, за високи 19-13 на полувремето.
Вториот дел беше само рутина за „зелените“, а високата позитива константно се одржуваше. Меѓу стативите застана Давид Брестовац и ги освои симпатиите на околу 500 гледачи на своето деби. Највисокиот плус се достигна пред финишот кога беше плус девет (30-21), а на крајот резултатот гласеше 34-25.
Филип Кузмановски беше најефикасен со 10 постигнати голови, а Манасков постигна седум погодоци. Одличен меѓу статтивите беше Давид Брестовац со десет одбрани. Кај Бутел најефикасен беше Шолиќ со шест погодоци.
Ракомет
Суперлига 2024/25
21. коло
Еурофарм Пелистер - Бутел Скопје 34-25 (19-13)
Спортска сала „Боро Чурлевски“ - Битола
Гледачи: 500
Судии: Сашо Јанкуловски и Мартин Јовановски
Еурофарм Пелистер:
Митревски, Брестовац, Манасков 7, Ристевски 1, Кузманоски, Тајник 3, Борзаш, Кузмановски 10, Костески 5, Абутовиќ, Петровиќ, Пешевски 1, Хосни, Хаџиќ 1, Пав. Атанасијевиќ 3, Мамдух 2
Седмерци: 4/3
Исклучувања: 8 минути
Бутел Скопје:
Блажевски, Стојаноски, Субашевски 2, Тодески, Ѓорѓиевски 3, Новаковски, Спасовски 2, Т. Узунчев 1, Д, Узунчев 2, Милошески 4, Киселовски 1, Каевски 2, Ланговски, Михајловиќ 1, Шолиќ 6, Давитковски 1
Седмерци: 4/3
Исклучувања: 6 минути
Следи двонеделна пауза заради репрезентативните активности, а потоа во последното коло од регуларниот тек на Суперлигата, Еурофарм Пелистер гостува кај соседот Прилеп.