Ракометарите на Еурофарм Пелистер 2 ја продолжија победничката серија во Првата лига, откако попладнево славеа над Аеродром со 41-23. Избраниците на Александар Зарков уште во првиот дел го решија победникот, кога поведоа со 7-1, а на пауза водеа со 20-13.
Најдобри стрелци во победничкиот тим беа младинските репрезентативци Мирче Калајџиески и Ненад Белистојаноски, додека во составот на Аеродром се истакна Иво Петровски со шест гола.
Ракомет
Прва лига - група А
13. коло
Еурофарм Пелистер 2 - Аеродром 41-23 (20-13)
Спортска сала „Боро Чурлевски“ - Битола
Гледачи: 300
Судии: Александар Груевски и Ѓорѓи Чалдаров
Еурофарм Пелистер 2:
Печурица, Младенов, Спасевски, Маркоски 3, Блажевски, Наумовски, Митревски 5, Димитровски 1, Калајџиевски 9, Пецаковски, Славков 1, Гичев 2, Димовски 4, Белистојановски 9, Југовски 2, Дрогришки 5
Седмерци: 4/2
Исклучувања: 4 минути
Аеродром:
Ѓорѓиевски, Јачев 4, Груевски, Петровски 6, Костадиновски, Зафировски, Илиевски, Симоновски 3, Ѓуриќ, Наумоски 1, Миленковски, Перчуклиевски, Димитриевски 4, Николов, Босилковски 1, Ристовски 4
Седмерци: 4/4
Исклучувања: 8 минути
Битолчани ја запишаа четиринаесеттата победа во исто толку натпревари и бидејќи во последното коло се слободни, ќе имаат пауза две недели до стартот на плеј-офот.