Шампионот Еурофарм Пелистер тргна со подготовки за вториот дел од сезоната. На првата прозивка недостасуваа повеќе играчи заради репрезентативни обврски, но тимот со дополнување од вториот тим слопи ростер за квалитетен ритам.
За подготовките, говореше асистентот на тренерот Раул Алонсо, тоа е Алексо Лембанов. Тој истакна дека овие подготовки во јануари се добредојдени за напорниот ритам среда-сабота кој клубот ќе го има во продолжението.
„Започнуваме со подготовки во кои не сме во комплетен состав, имаме доста играчи кои настапуваат за своите селекции на претстојното Светско првенство. Ние ќе работиме тука во Битола, ќе има еден забрзан и квалитетен ритам со процес на тренирање. Ќе работиме на сите аспекти од ракометната игра и физичката подготвеност. Имаме и четворица ракометаери од вториот тим на Еуроарм Пелистер, со цел да овозможиме квалитетен тренажен процес за сите. По подготовките почнуваме со Куманово, тоа ќе биде добра увертира за нас во Суперлигата, па ни следи пеколно темпо среда-сабота каде ќе имаме голем број на натпревари и патувања. Јануари ќе ни дојде добро да се подготвиме за сето тоа“, изјави Лембанов.
Еурофарм Пелистер цели на „двојната круна“ на домашната сцена, а исто така има и шанси за прогрес во Лигата на шампионите.