РК Еурофарм Пелистер ја известува јавноста дека спогодбено го раскина договорот со ракометарот Кајо Цикатиќ пред планираниот истек. На пријателски начин ракометарот и клубот одлучија да ги раздвојат своите патови по шест месеци соработка. Цикaтиќ дојде во Битола од хрватскиот клуб Горица во летото 2024 година. Во нашиот дрес настапи во домашното првенство и Лигата на шампионите.
Клубот му посакува успеси на приватен и професионален план во иднина.