Еурофарм Пелистер го совлада Бисинов Фриут Ленд од Велес со 45-31 во првиот натпревар од 14. коло на Суперлигата. Велешкиот тим одигра одлично прво полувреме и на одмор се замина со само +2 за домаќинот (21-19). Сепак, во вториот дел до израз дојде квалитетот кој е на страната на битолскиот тим.
Клучна беше серијата од 9-0 кон средината на второто полувреме со која Пелистер поведе со 33-22. На крајот малку недостасуваше шампионот да го надмине тимскиот рекорд за оваа сезона по бројот на постигнати голови кој изнесува 46.
Најефикасни играчи на средбата во домашниот тим беа репрезентативните крила Цветан Кузманоски и Ненад Костески со по шест, додека кај гостите се истакна ветеранот Ивица Илиев со осум гола.
Ракомет
Суперлига 2024/25
14. коло
Еурофарм Пелистер - Бисинов Фруит Ленд 45-31 (21-19)
Спортска сала „Боро Чурлевски“ - Битола
Гледачи: 500
Судии: Александар Шуковски и Иван Илиевски
Еурофарм Пелистер:
Ивиќ, Печурица, Манасков, Цехте 3, С. Ристевски 4, Кузманоски 6, Тајник 1, Борзаш 4, Костески 6, Ѓорѓовски 2, Петровиќ 3, Пав. Атанасијевиќ 4, Пешевски 3, Цикатиќ 2, Хаџиќ 3, Пет. Атанасијевиќ 4
Седмерци: 3/3
Исклучувања: 6 минути
Бисинов Фруит Ленд:
Солев, Димов 3, Стојановски 1, Трајковски 5, Ивчевски 1, Иванов, Димитров 3, Пранговски 1, Сиљанов 2, Илиев 8, П. Ристевски, Стојменов 1, Ончев 6, Митревски
Седмерци: 3/2
Исклучувања: 4 минути
Следниот викенд, во рамките на 15. коло, Еурофарм Пелистер ќе го пречека Вардар 1961.