Во 13. коло од македонската ракометна Суперлига составот на Еурофарм Пелистер со 25-43 славеше против Струга, во дуелот кој требаше да се игра во Струга, а се одигра во Битола. Натпреварот требаше да се одигра во Струга, но поради проблемите во салата „Нико Нестор“ стружани побараа да гостуваат во Битола. Оваа средба беше одбележана и со враќањето на македонскиот репрезентативец Ненад Костески, кој по долгата пауза поради сериозната повреда на коленото се врати на паркетот и одигра фантастична партија.
После првото полувреме актуелниот шампион во натпреварот имаше два голови разлика предност (17=19).
Во таборот на пелистерци најпрецизни беа Цветан Кузманоски со девет и Нејц Цехте со осум гола, а Ненад Костески натпреварот го заврши со шест погодоци. На спротивната страна Богдан Мијушковиќ впиша шест гола.
Ракомет
Суперлига 2024/25
13. коло
Струга - Еурофарм Пелистер 25-43 (17-19)
Спортска сала „Боро Чурлевски“ - Битола
Гледачи: 200
Судии: Димитар Митревски и Благојче Тодоровски
Струга:
Тутенкоски, Д. Мечкароски, Ѓорѓиески 2, Кленковски, М. Костоски 1, С. Матески 1, Великиќески, Велјаноски, Савески 2, Ф. Мечкароски 2, Н. Костоски 2, Ј. Матески 2, Мијушковиќ 6, Пајкоски 4, С. Мечкароски 3
Седмерци: 6/3
Исклучувања: /
Еурофарм Пелистер:
Митревски, Ивиќ, Цехте 8, Ристевски 4, Кузманоски 9, Тајник 2, Борзаш 1, Кузмановски, Костески 6, Абутовиќ, Ѓорговски 2, Пет. Атанасијевиќ 4, Пешевски 4,Хосни, Хаџиќ 2, Пав. Атанасијевиќ 1
Седмерци: 1/1
Исклучувања: 4 минути
Во следното 14. коло Еурофарм Пелистер го пречекува тимот на Фриутленд Борец во Битола.