Новиот тренер на Еурофарм Пелистер, Раул Алонсо, го одржа првиот тренинг со „зелено-белите“ и ги започна подготовките за претстојниот важен натпревар во Лигата на шампионите против екипата на Фредериција.
Пелистерци неодамна ја извојуваа првата победа во елитата токму против следниот противник, а со Алонсо на клупата амбициите сигурно се зголемуваат и навивачите очекуваат прв триумф во салата „Боро Чурлевски“, која сигурно ќе биде претесна за сите љубители на ракометот.
Шпанскиот стратег треба да го пренесе своето богато искуство на ракометарите и се очекува заедно со стручниот штаб одлично да го насочат тимот кон тешките предизвици кои претстојат.
Следниот натпревар против данската Фредериција ќе се одигра на 20 ноември во 20:45 часот.