Еурофарм Пелистер со 23-25 славеше на гостувањето кај Фредериција во меч од Лигата на шампионите, и конечно се израдува на триумф во елитното ракометно натпреварување. Голманот Никола Митревски беше еден од главните актери во триумфот на нашиот тим во Данска, но и добрата игра во нападот во вториот дел. Во првото полувреме Фредериција имаше минимално водство, а на паузата замина со водство од 12-9 и тоа благодарение на една серија од 3-0 во финишот.
Во вториот дел Еурофарм Пелистер влезе со серија од 7-2, го презема водството и не го пушти до крајот. Највисоката предност беше четири гола, 21-17, а конечниот резултат 25-23.
Ракомет
Лига на шампионите 2024/25
А група
Седмо коло:
Фредериција – Еурофарм Пелистер 23-25 (9-12)
Спортска сала „Јуске Банк Арена“ – Одензе
Гледачи: 1.000
Судии: Роберт Шулце и Тобиас Томис
Фредериција:
Франдсен, Фрис, Кристенсен, Нилсен, К. Андерсен 4. Бисгард 2, Балштад 2, Јагерум 2, Кјелгард 2, Вигардсон 1. Мосештад, Олафсон 1, М. Андерсон 2, Певнов 2, Мартинусен 3, Табоада 2
Седмерци: 3/1
Исклучувања: 4 минути
Еурофарм Пелистер:
Митревски, Ивиќ, Манасков, Цехте 1, Ристевски, Тајник 2, Борзаш, Радивојевиќ 3, Кузмановски 5, Абутовиќ, Ѓорговски, Пет. Атанасијевиќ 2, Пешевски 4, Хосни 4, Пав. Атанасијевиќ 3, Мамдух 1
Седмерци: 2/1
Исклучувања: 10 минути
Во следното осмо коло Еурофарм Пелистер на домашен терен ќе ја пречека Фредериција на 20 ноември.