Селекторот на машката сениорска репрезентација на Македонија, Кирил Лазаров го објави поширокиот список на ракометари за претстојните квалификациски натпревари за пласман на Европското првенство во 2026 година во Шведска, Данска и Норвешка.
Во рамки на ЕХФ неделата нашата сениорска селекција ќе одигра два квалификациски натпревари против Естонија и Литванија. Нашите најдобри ракометари во првото квалификациско коло ќе играат против селекцијата на Естонија во СЦ „Борис Трајковски“, а натпреварот е закажан за 6 ноември 2024 со почеток во 20:00 часот. Во второто квалификациско коло нашите ракометари ќе играат на гостински терен против селекцијата на Литванија во Виљнус, а почетокот на натпреварот е закажан за 17:00 часот по локално време.
На списокот се повикани осум ракометари на Еурофарм Пелистер: Никола Митревски, Самоил Ристевски, Филип Кузмановски, Емилијан Ѓорговски, Павле и Петар Атанасијевиќ, Жарко Пешевски и Цветан Кузманоски.