Лидерот во А групата на Првата лига, битолски Еурофарм Пелистер 2 продолжува немилосрдно да победува во второто по ранг натпреварување во нашата земја. Битолчани извојуваа победа во Струмица против Астраион Хендбол со 22-39, со одлична игра во двете полувремиња.
Момците на Александар Зарков се одлепија до недостижна предност на почетокот од вториот дел. Крилата Димовски со десет и Белистојановски со осум гола беа најдобри поединци во победничкиот табор.
Ракомет
Прва лига 2024/25
Петто коло
Астраион Хендбол - Еурофарм Пелистер 22-39 (12-16)
Спортска сала „Парк“ - Струмица
Гледачи: 300
Судии: Иван Јованов и Наум Александровски
Астраион Хендбол:
Костадинов, М. Ефтимов 6, Миш. Јовановски 2, Наков 7, Иванов, Касапов, Катранџиев 1, Гогов, Т. Георгиев, Х. Ефтимов 4, Мастев, Р. Георгиев, Аргиров, Рингов 2, Пеловски, Алексиев
Седмерци: 7/5
Исклучувања: 6 минути
Еурофарм Пелистер 2:
Мар. Јовановски, Младенов, Маркоски, Наумовски, Митревски 5, А. Фехми, Марковски, Калајџиовски 5, Пецаковски, Славков 2, Гичев 2, Димовски 10, Ивановски 6, Белистојановски 8, Југовски, Дрогришки 1
Седмерци: 3/3
Исклучувања: 2 минути
Со сите пет победи екипата на Еурофарм Пелистер 2 останува лидер во Првата лига и граби кон презимување без ниту еден пораз.