Отворен е процесот за акредитирање на медиуми за натпреварот од шестото коло на Лигата на шампионите меѓу Еурофарм Пелистер и Фредериција (20 ноември 2024 година – 20:45 часот). Процесот за акредитирање важи за печатените медиуми според процедурата за акредитирање на натпреварите на Еурофарм Пелистер сезонава.
Новинарите од печатените медиуми и порталите, и фотографите треба да ги испратат своите барања директно до клубот најдоцна до три работни дена пред почетокот на натпреварот. Печатените медиуми, новинари и фотографи своите барања за акредитации треба да ги испратат директно на клубот на адреса Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите..
Дигитални медиуми, ТВ, Веб ТВ и радио мораат да аплицираат директно во ЕХФ за добивање на акредитација за следење на натпреварот. Барањата за акредитации треба да се испраќаат на Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.. Сите барања испратени на други адреси нема да се разгледуваат. Носителот на ТВ права за територијата на Македонија нема потреба од акредитирање до клубот.
Акредитациите ќе се делат на прес-конференцијата пред натпреварот за медиумските работници од Битола, а на отворањето на медиа-центарот два часа пред почетокот на натпреварот за новинарите кои доаѓаат на денот на натпреварот.
Клубот го задржува правото заради ограничувањата да одбие дел од барањата.