Ракометарите на Еурофарм Пелистер загубија со 23-30 од Веспрем на домашен терен во Битола, во дуелот од седмото коло на Лигата на шампионите. Веспрем победата ја најави од самиот старт кога брзо направи нпредност од четири гола разлика (4-8), а тоа водство го задржа и до крајот на првото полувреме. На пауза гостите од Унгарија заминаа со предност од 12-17.
Ниту во вториот дел работите не се променија, македонскиот претставник не успеваше да одговори на добрата на игра на противникот, па така и предноста на Веспрем растеше. На крајот разликата изнесуваше седум голови (23-30).
Најефикасен во тимот на Еурофарм Пелистер беше Филип Кузмановски со седум гола, додека на спротивната страна одличен натпревар натпревар одигра поранешниот ракометар на Вардар Лука Циндриќ кој беше стрелец на осум гола.
Ракомет
Лига на шампионите 2024/25
А група - шесто коло:
Еурофарм Пелистер - Веспрем 23-30 (12-17)
Спортска сала „Боро Чурлевски“ - Битола
Гледачи: 3.000
Судии: Марко Секулиќ и Владимир Јовандиќ
Црвен картон: Граховац (Веспрем)
Еурофарм Пелистер:
Митревски, Ивиќ, Кузмановски 7, Борзаш 4, Хосни 3, Цехте 2, Радивојевиќ 2, Пет. Атанасијевиќ 2, Ѓорговски 1, Пешевски 1, Хаџиќ 1, Манасков, Ристевски, Кузманоски, Тајник, Абутовиќ
Седмерци: 1/0
Исклучувања: 6 минути
Веспрем:
Коралес, Јенсен, Циндриќ 8, Деска 6, Фабрегас 6, Ваилупау 4, Косоротов 3, Сандел 1, Ремили 1, Касадо 1, Граховац, Елисон, Лигетвари, Вег, Палмарсон, Пашмалбек
Седмерци: 3/3
Исклучувања: 6 минути
Во следното седмо коло на групата А на Лигата на шампионите, Еурофарм Пелистер гостува во Данска кај Фредериција.