По поразот од Алкалоид во дербито од ракометната Суперлига, Бранислав Ангеловски поднесе оставка од функцијата тренер на Еурофарм Пелистер.
Ангеловски заминува поради неспотојаните резултати на тимот во првенството и во Лигата на шампионите. Со младиот тренер на клупата Еурофарм Пелистер ја освои титулата во сезоната 2023/24. Клубот му се заблагодари за професионалноста и ангажманот и му посака успеси во иднина.