Еурофарм Пелистер 2 ја продолжи победничката серија во прволигашката конкуренција. „Зелено-белиот“ тим славеше на домашен терен против Кичево со убедливи 47-24, а победата беше најавена уште по првиот дел кога беше плус девет, 20-11.
Избраниците на Александар Зарков поведоа со 5-0, потоа беше и 8-1 и веќе беше јасно каков тек ќе има овој натпревар.
Битолскиот напад беше предводен од кадетскиот репрезентативец Марко Димовски со дванаесет гола и младинскиот репрезентативец Ненад Белистојаноски со осум погодоци.
Ракомет
Прва лига 2024/25
Четврто коло:
Еурофарм Пелистер 2 - Кичево 47-24 (20-11)
Спортска сала „Боро Чурлевски“ - Битола
Гледачи: 400
Судии: Пеце Стефановски и Наташа Глигорова
Еурофарм Пелистер 2:
Јовановски, Младенов, Спасевски, Маркоски 1, Блажевски 2, Наумовски 2, Марковски 1, А. Фехми 3, Калајџиовски 6, Пецаковски 1, Гичев 6, Димовски 12, Ивановски 2, Белистојановски 8, Југовски 3, Дрогришки
Седмерци:
Исклучувања:
Кичево:
Зафироски, Стрезоски 1, Србакоски, Тошев 1, Стефаноски 3, Тренески, Крстески 3, Лозаноски 5, Атанасовски 11, Стојкоски, Илијоски, Наумоски
Седмерци: 6/6
Исклучувања: 8 минути
Еурофарм Пелистер 2 е лидер на табелата со осум бода од четири одиграни натпревари.