Ракометарите на Еурофарм Пелистер го запишаа четвртиот пораз во петтото коло од Лигата на шампионите оваа сезона откако загубија на гостувањето кај Висла Плоцк со 26-18. Филип Кузмановски со пет голови беше најефикасен во составот на Пелистер, Михиќ реализираше осум кај Висла Плоцк.
На прес-конференцијата тренерот Ангеловски го призна поразот од поквалитетниот ривал.
„Честитки на домаќинот затоа што беше подобар тим на теренот, доминирајќи за време на целиот натпревар. Ние почнавме навистина лошо, потоа правевме и премногу технички грешки кои апсолутно направија да биде за нас невозможно резултатски да се вратиме на дуелот“„ рече Ангеловски.
Во следното коло Еурофарм Пелистер ќе има тешка задача, бидејќи во Битола доаѓа еден од најсилните тимови во Европа - Веспрем.