Ракометарите на Еурофарм Пелистер рутински стигнаа до триумф на дуелот со Пролет, славејќи со 30-21 во спортската сала „Боро Чурлевски“. Дуелот се одигра пред околу 500 гледачи во спортската сала „Боро Чурлевски“, кои видоа убав ракомет, презентација на многу млади ракометари и допадливи акции и потези. Ангеловски ги одмори Тајник, Митревски, Радивојевиќ и Манасков, а лимитирана минутажа имаа и Кузмановски, Хосни и Пешевски.
Најефикасен ракометар кај битолчани беше Цветан Кузманоски со шест голови, Филип Кузмановски додаде еден помалку, додека во редовите на Пролет 62 прво име беше Томислав Димковски со шест погодоци, сите од седум метри.
Ракомет
Суперлига 2024/25
Петто коло:
Еурофарм Пелистер - Пролет 30-21 (20-9)
Спортска сала „Боро Чурлевски“ - Битола
Гледачи: 500
Судии: Глигор и Спаско Ќаеви
Црвен картон: Филип Кузмановски (Еурофарм Пелистер)
Еурофарм Пелистер:
Митревски, Ивиќ, Цехте 4, Ристевски 2, Кузманоски 6, Борзаш, Радивојевиќ, Кузмановски 5, Ѓорговски 3, Пет. Атанасијевиќ 3, Петровиќ 1, Пешевски, Хосни 2, Хаџиќ 3, Пав. Атанасијевиќ 1
Седмерци: 5/4
Исклучувања: 12 минути
Пролет:
Петковски, Даскаловски, Тотиќ, Глигоров, Василевски 4, Димковски 6, Додевски, Шилегов 5, Андоновски 2, Таофиук Бакар 3, Мајнов 1, Стојановски, Стојчевиќ, Младеновски, Палевски, Спасовски
Седмерци: 6/4
Исклучувања: 4 минути
Во следното шесто коло, в сабота од 18:00 часот, Еурофарм Пелистер гостува кај Куманово.