Шампионот Еурофарм Пелистер го претрпе првиот пораз во новата сезона на Суперлигата. Екипата на Бранислав Ангеловски загуби на гостувањето кај Вардар 1961 со 27-24 (15-11). Во битката на македонските ракометни великани овојпат подобар беше скопскиот состав кој покажа повеќе во СЦ „Јане Сандански“.
Се играше цврсто, борбено, а домаќините водени од своите верни навивачи „Комити“ се изборија за триумф, односно му го нанесоа на противникот првиот лигашки пораз во натпреварувачката 2024/25. Вардар 1961, кој влезе далеку посвеж во овој натпревар го доби првиот дел со 15-11, предизвик на кој битолчани одговорија во второто полувреме, во кое во неколку наврати дојдоа до минус еден, ама немаа сила за нешто повеќе.
Најефикасни играчи во двете екипи беа Срдановиќ и Кузмановски со по осум погодоци.
Ракомет
Суперлига 2024/25
Четврто коло:
Вардар 1961 – Еурофарм Пелистер 27-24 (15-11)
Спортска сала „Јане Сандански“ – Скопје
Гледачи: 4.000
Судии: Дејан и Димитар Георгиевски
Вардар 1961:
Фереира Еспиња, Гогов, Јагуриновски 1, Аларов, Стојановски, Георгиевски 5, Танкоски 2, Кооиј, Лазаревски 2, Хориха 2, Срдановиќ 8, Николиќ 2, Петриќ, Маргхели 4, Ќосевски, Броозан 1
Седмерци: 5/5
Исклучувања: 8 минути
Еурофарм Пелистер:
Митревски, Ивиќ, Манасков 3, Цехте 1, Ристевски, Кузманоски 1, Тајник 1, Борзаш 2, Радивојевиќ 2, Кузмановски 8, Абутовиќ, Пет. Атанасијевиќ, Пешевски 2, Хосни 4, Хаџиќ, Пав. Атанасијевиќ
Седмерци: 7/5
Исклучувања: 6 минути
Во следното петто коло Еурофарм Пелистер ќе го пречека Пролет.