Ракометарите на Еурофарм Пелистер претрпеа и трет пораз во низа во Лигата на шампионите. Подобар од македонскиот шампион беше Динамо Букурешт кој славеше со 34-25. Македонскиот парираше само во првите дваесет минути од натпреварот, а потоа средбата помина во знакот на романскиот тим.
На прес-конференцијата по натпреварот најдобриот поединец на пелистерци, Никола Митревски, рече:
„Прво сакам да им честитам на противниците, тие беа подобри на овој натпревар. Динамо искусно ги користеше нашите грешки во нападот, постигнуваше лесни голови од контрапад и уште во првото полувреме резултатски се одлепи. Потоа ни беше тешко да се вратиме назад во натпреварот.
Сакам да им се заблагодарам на нашите навивачи кои дојдоа во Букурешт за да ни дадат поддршка. За жал, ние не одговориме на вистински начин, не им возвративме на навивачите за поддршката што ни ја дадоа“.
Следниот меч од Лигата на шампионите Еурофарм Пелистер го игра против Спортинг во Битола.