Ракометарите на Еурофарм Пелистер загубија во првиот домашен меч во Лигата на шампионите, во рамките на второто коло од Фуксе Берлин со 22-30 (9-15). Пред полните трибини на салата „Боро Чурлевски“, одново во солидна атмосфера се одигра уште еден меч од европската елита.
По првите триесет минути германскиот тим веќе направи голема разлика, со нивно водство од 9-15 замина на одморот. Во вториот дел продолжија да ја зголемуваат предноста за на крајот да слават со 22-30. Во редовите на Еурофарм Пелистер најефикасен беше Радивојевиќ со пет голови, а кај Фуксе, Ласе Андресон постигна седум.
Лига на шампионите 2024/25
Група А - второ коло
Еурофарм Пелистер - Фуксе Берлин 22-30 (9-15)
Спортска сала „Боро Чурлевски“ - Битола
Гледачи: 3.400
Судии: Мирза Куртагиќ и Матијас Ветервик
Еурофарм Пелистер:
Ивиќ, Митревски, Радивојевиќ 5, Кузмановски 4, Ристевски 3, Хосни 3, Манасков 2, Цехте 2, Ѓорговски 2, Пав. Атанасијевиќ 1, Кузманоски, Тајник, Борзаш, Абутовиќ, Пет. Атанасијевиќ, Пешевски
Седмерци: 5/4
Исклучувања: 4 минути
Фуксе Берлин:
Милосављев, Лудвиг, Андерсон 7, Гидсел 6, Толбриг 4, Рајхман 4, Виде 3, Лихтлајн 3, Дарј 1, Бенеке 1, Хербургер 1, Фрајхофер, Лонхоф, Ав Теигиум, Марсениќ, Друкс
Седмерци: /
Исклучувања: 4 минути
Следниот натпревар на Еурофарм Пелистер е во Романија каде му гостуваат на Динамо Букурешт, дуелот се игра на 26. септември.